Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси ги расипа односите со раководството на ПСЖ, откако не се појавил на тренинг и си заминал во Саудиска Арабија без да го извести тренерот Кристоф Галтие.
Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и сè појасно е дека нема да го продолжи, откако парижаните го отстранија од тимот.
Француските медиуми пишуваат дека Аргентинецот нема да биде дел од екипата во следните две недели и нема да тренира со неговите соиграчи.
Ова значи дека аргентинскиот репрезентативец ќе ги пропушти натпреварите со Троа на 7 мај и Ажаксио на 13 мај.
Аргентинецот е на праг да потпише договор и да се врати во Барселона, но откако каталонскиот гигант ќе ги реши финансиските проблеми.