Колку пари ќе загуби Меси поради суспензијата од ПСЖ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ го суспендира Лионел Меси затоа што си отишол во Саудиска Арабија без да извести некого од клубот.

Францускиот гигант ги укина слободните денови за фудбалерите по поразот од Лориен, а Меси тоа не го почитуваше и замина на одмор во Саудиска Арабија.

Еден од најдобрите фудбалери доби суспензија, а поради тоа ќе загуби и 1,6 милиони евра, но најверојатно тоа не го загрижува премногу.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, по што се очекува среќата да си ја побара на друго место, односно како негова следна дестинација се споменува Барселона.