Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед сè уште е на продажба, а најсериозен кандидат да го преземе тимот е шеикот Јасим кој планира да ангажира неколку засилувања доколку го купи премиерлигашот пред почетокот на летниот преоден рок.
Тренерот Ерик Тен Хаг би можел да добие шест засилувања и да создаде екипа која ќе биде конкурентна да се бори за титулата во англиската Премиерлига.
„Ѓаволите“ се заинтересирани за одличниот голман Диого Коста, а исто така ќе има засилувања и во одбраната, каде што се очекува да пристигнат Жереми Фримпонг и Пау Торес.
Шеикот сака да го земе и Едуардо Камавинга од Реал Мадрид, иако „кралевите“ во него гледаат еден од предводниците на тимот во следните години.
Последните две засилувања на шеикот треба да бидат Кингсли Коман и Килијан Мбапе.