Ивановски обезбеди полуфинале на турнирот во Србија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбед место во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања во Србија.

Ивановски во четвртфиналето беше подобар од Хади Хабиб со 2-0 во сетови, откако го доби првиот сет со 7-6, а вториот со 7-5.

Најдобриот македонски тенисер во полуфинале ќе игра против победникот во мечот меѓу Крету и Овчаренко.