Реал Мадрид заинтересиран за легенда на Ливерпул


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ангажира само неколку ветерани во изминатите години. Давид Алаба пристигна во 2021 година, а потоа и Антонио Рудигер.

„Кралевите“ се заинтересирани за уште еден ветеран, а тоа е Роберто Фирмино кој веќе потврди дека го напушта Ливерпул на крајот на сезоната.

Медиумите пишуваат дека Бразилецот бара нов предизвик, а Реал Мадрид може да му понуди одлични услови.

Фирмино беше еден од најважните играчи на премиерлигашот во претходните години, па без сомнеж со неговото искуство ќе може да им помогне на „кралевите“ во следната сезона за остварување на целите.

Засега не е познато какви услови би му понудил Реал, но наскоро се очекува да биде испратена понуда за Бразилецот.