Ла Лига го отпушти човекот кој го оштети Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека еден од судиите во ВАР-собата, кој беше дел од мечот меѓу Реал Мадрид и Валенсија, добил отказ.

Шпанската фудбалска федерација го отпушти Игнасио Иглесиас Вилануева затоа што го оштетил „кралскиот клуб“.

На крајот на мечот имаше конфликт меѓу играчите на двете екипи, кога Винисиус Жуниор го удри во лице Хуго Дуро од Валенсија.

Меѓутоа, Дуро претходно го притиснал Винисиус за грлото, а главниот судија Рикардо Бенгоечеа му покажа црвен картон само на Бразилецот.

Истрагата покажа дека Вилануева е одговорен за грешката на главниот судија бидејќи ја исекол снимката.