Бензема на чекор до С. Арабија – го известил Перез за понудата!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Карим Бензема најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, иако требаше да потпише нов договор со шпанскиот гигант до 2024 година.

Пред една недела му пристигнала понуда од Ал-Итихад во која се нуди 100 милиони евра плус бонуси годишно за соработка на две години.

Бензема ја добил понудата пред мечот меѓу Реал и Севилја, а тоа го потврди и шпанскиот гигант, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Французинот сериозно размислува да ја прифати понудата и да се пресели во С. Арабија, а наскоро се очекува неговата конечна одлука.