Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ова лето ќе се обиде да купи нов напаѓач, а на листата со желби се наоѓаат тројца фудбалери.
За Карим Бензема засега не е познато дали ќе остане во Мадрид или ќе замине во Саудиска Арабија, но тоа не го менува планот на тренерот Карло Анчелоти.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е заинтересиран за Каи Хаверц, Хари Кејн и Роберто Фирмино.
Кејн има договор до 30 јуни 2024 година и тој е приоритет на Перез, но трансферот зависи од сумата која ќе ја побара лондонскиот тим за услугите на англискиот напаѓач.
Анчелоти, од друга страна, го почитува Хаверц и веќе некое време бил заинтересиран за него, но Челси бара најмалку 80 милиони евра.