Ла Лига даде дозвола: Барселона може да го врати Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанската Ла Лига дала зелено светло за планираниот буџет на Барселона, а тоа значи дека Лионел Меси ќе може да се врати во каталонскиот гигант.

Барселона може да достави формална понуда за Меси и така да им ги расипе плановите на богатите шеици кои сакаа да го однесат во Саудиска Арабија.

Каталонскиот гигант во минатиот период ги скрати трошоците со цел да го врати Меси, а конечно му се отвори таква можност и се очекува во следните денови да се дознае иднината на Аргентинецот.

За аргентинскиот магионичар се заинтересирани уште неколку екипи, меѓу кои е и Интер Мајами од САД.