Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона веќе некое време се обидува да потпише договор со аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, но има финансиски проблеми кои мора да ги реши во следниот период.
Претседателот на клубот, Жоан Лапорта бара начини како да договори враќање на Меси на „Камп Ноу“, а мислење на оваа тема даде и легендарниот Карлес Рексач.
„Како човек кој цел живот навива за Барселона, ќе кажам дека јас да сум Меси, не би се вратил во Барселона. Знам дека тоа е тешка одлука бидејќи тука се чувствува како дома, но тој ризикува. Навивачите кои го сакаат, еден ден би можеле да го исвиркуваат затоа што во фудбалот нема спомени, а од Меси ќе се очекуваат големи работи. Меси постигна 21 гол за ПСЖ и беше испратен со свирежи“, вели тој.