Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид остана без напаѓач, откако си замина Карим Бензема во Саудиска Арабија, па шпанскиот гигант мора летово да најде соодветно решение во нападот.
„Кралевите“ се заинтересирани за повеќе фудбалери, а на списокот се наоѓаат Хари Кејн, Роберто Фирмино, Каи Хаверц и други, но Флорентино Перез бара евтина опција.
Причината за тоа е што има пеколен план за 2024 година, кога сака да го ангажира Килијан Мбапе како централен напаѓач на тимот.
Анчелоти, од друга страна, го сака Хари Кејн, но тој чини 100 милиони евра, па најреална опција во моментов изгледа Фирмино кој е слободен играч.