Ивановски ќе игра полуфинале на фјучерсот во Скопје


Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Скопје.

Ивановски обезбеди место во полуфиналето, откако неговиот денешен ривал Мирза Башиќ го предаде дуелот поради повреда.

Башиќ го предаде и мечот во двојки со Зекиќ, а денеска ниту по медицинскиот третман не успеа да се врати на теренот.

Ивановски за финале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Миљан Зекиќ и Ерги Киркин.