Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот вицепрвак Арсенал ова лето сака да го добие најпосакуваниот англиски репрезентативец, а тоа е Деклан Рајс.
Рајс има неколку понуди за продолжување на кариерата, откако реши да го напушти Вест Хем, а Арсенал е еден од тимовите кои сакаат да го купат.
Арсенал наводно е подготвен да плати 100 милиони евра плус бонуси за потписот на англискиот репрезентативец, кој сака да остане во Лондон, но и да засили тим кој игра во Лигата на шампиони.