Гвардиола му се закани на Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пеп Гвардиола конечно успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони со Манчестер сити и така стана единствен тренер во историјата кој имал две „триплети“ со различни тимови.

Ова беше прв европски трофеј за „граѓаните“ во елитното натпреварување, а Гвардиола по натпреварот му се закани на Реал Мадрид.

„Тие водат со 13 трофеи во ЛШ, но не треба да се опуштаат. Внимавајте Реал Мадрид, затоа што ние тргнавме. Ако спиете, ќе ве стигнеме“, кажа Гвардиола.