Ивановски со најдобар ранкинг во кариерата по трофејот во Скопје


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Калин Ивановски вчера го освои фјучерсот во Скопје, но поените ќе му се додадат идната недела. Сепак, и покрај тоа македонскиот тенисер напредуваше на АТП-листата.

Ивановски од денеска се наоѓа на 412. место на АТП-листата и тоа е најдобар ранкинг во неговата кариера.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, од друга страна, падна за две позиции на ВТА-листата.