Гвардиол сака да оди во Англија и да стане најскап дефанзивец?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол се наоѓа пред трансфер во Премиерлигата, односно во актуелниот европски шампион Манчестер сити.

Фабрицио Романо објави дека Гвардиол сака да го облече дресот на „граѓаните“, кои се подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги.

Челси претходно се бореше за потписот на Гвардиол, но трансферот пропадна во завршна фаза, па сега Манчестер сити ќе го урне рекордот за најскап дефанзивец за да го добие потписот на Хрватот.

„Манчестер сити разговара со Гвардиол, откако со Ковачиќ ги договори личните услови. Јошко сака да замине од Лајпциг, но нема да биде лесно затоа што бундеслигашот сака да заработи многу пари“, објави Романо.