Мбапе летово се сели во Реал Мадрид?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фабрицио Романо објави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе не сака да го продолжи неговиот договор идното лето, односно ќе стане слободен агент и ќе замине од ПСЖ, но тоа не му одговара на гигантот.

Мбапе реши да не ја активира опцијата за продолжување на соработката до 2025 година, а ПСЖ јасно му порача дека ќе биде продаден летово ако не потпише нов договор затоа што не сака да го изгуби бесплатно.

Оваа вест доаѓа неколку дена по најавата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека Мбапе ќе потпише за шпанскиот гигант.

Останува да видиме дали Мбапе ќе се пресели во Мадрид и дали тоа ќе го направи летово или ќе почека до следната година.