„Марка“: Перез утрово му удри „шлаканица“ на Мбапе


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера соопштил дека не планира да ја продолжи соработката на уште една година со ПСЖ, а тоа значи дека идното лето ќе биде слободен играч.

ПСЖ му постави ултиматум на Мбапе. Од клубот бараат да потпише нов договор или ќе биде продаден уште ова лето за да заработат од неговиот трансфер.

Парижаните во минатото го задржаа Мбапе, иако беше блиску до Реал Мадрид, но Французинот повторно бара да замине од тимот.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез вчера кажа дека Мбапе ќе потпише за шпанската екипа, но денеска му удрил „шлаканица“.

„Марка“ пишува дека Перез нема да биде човекот кој прв ќе направи чекор и чека реакција од ПСЖ затоа што односите меѓу двете екипи се ужасни откако парижаните го запреа Мбапе да потпише за Реал минатата година.