Челси си договори нов напаѓач од Вилјареал за 30 милиони фунти

Англискиот гигант Челси почна преговори со напаѓачот од Сенегал, Николас Џексон кој постигна 13 гола за Вилјареал минатата сезона.

Џексон има 21 година, а девет од неговите 13 гола ги постигна на последните осум натпревари и со тоа ѝ обезбеди пласман на „жолтата подморница“ на петтото место во Ла Лига.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси ја активирал откупната клаузула од 30 милиони фунти, а во следниот период ќе преговара со напаѓачот за да го комплетира трансферот.

Џексон привлече интерес од Бормут и Саутемптон во јануари, по неговото деби на Светското првенство (СП) во Катар, но сега стана интересен и за Челси.