Реал Мадрид го враќа Зидан!?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Зинедин Зидан најверојатно ќе се врати во Реал Мадрид по четврти пат, но нема да работи како главен тренер на екипата, туку ќе добие друга улога.

Зидан најпрво играше за „кралевите“ како фудбалер, а потоа двапати беше тренер, додека следна улога би можела да му биде како десна рака на претседателот Флорентино Перез.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез сака да го врати Зидан во клубот, но ќе му ја понуди улогата на советник, додека главен тренер ќе остане Карло Анчелоти.

Зидан досега одби понуди од ПСЖ и Јувентус да биде тренер, па останува да видиме дали ќе ја прифати понудата на Перез.