Валверде кажа што мисли за потенцијален трансфер во Челси

Феде Валверде во изминатите денови се поврзуваше со трансфер во Челси, но Уругваецот вели дека нема намера да го напушти Реал Мадрид.

Валверде имаше одлична сезона во дресот на „кралевите“ и поради тоа привлече интерес од англискиот гигант.

„Челси? Не. Јас сум во Мадрид, се обидувам да уживам во секој момент и да оставам трага во најдобриот тим во светот. Сакам да продолжам да освојам титули со Реал“, кажа Валверде.