Добра вест: Голманот на ПСЖ се разбуди од кома


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот голман и член на ПСЖ, Серхио Рико доживеа тешка несреќа во Шпанија, кога доби удар од коњ и во критична состојба беше пренесен во болница.

Рико заврши во болница во Севилја со сериозни повреди на главата, по што падна и во кома, а неколку недели по инцидентот доаѓаат добри вести од Шпанија.

„Конечно, гледаме светло на крајот на тунелот. Одиме чекор по чекор. Се извлече затоа што е шампион“, кажа сопругата Алба Силва.