Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Килијан Мбапе ужива на одмор додека сè уште не е решена неговата иднина во ПСЖ, откако неодамна кажа дека не сака да го продолжи договорот со францускиот гигант до јуни 2025 година.
„Марка“ објави дека претставници на Мбапе и неговата мајка ќе имаат состанок со Насер Ал-Келаифи, по кој ќе биде позната иднината на францускиот голгетер.
Ситуацијата се промени во последните часови и не се исклучува ниту едно сценарио, а последното стори на Мбапе за дел од навивачите значи дека тој останува во Париз и следната сезона.
Календарот со натпревари на ПСЖ се најде на стори кај Мбапе, а ова ги разочара навивачите на Реал кои сметаат дека Французинот повторно си „игра со нивните чувства“.