Енрике ќе биде нов тренер на ѕвездите на ПСЖ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике ова лето се поврзуваше со неколку гиганти, но на крајот реши да потпише за ПСЖ.

По преговорите кои беа долги со месеци, Енрике конечно се договорил со парижаните и наскоро ќе го преземе францускиот шампион.

Енрике ќе потпише двегодишен договор со ПСЖ и се очекува да заработува по осум милиони евра по сезона.

Шпанецот претходно беше блиску да потпише со Челси, меѓутоа не можеше да се договори со газдата Тод Боели.