Мбапе ги збуни сите со последната порака, но денеска сè ќе биде познато!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ужива на одмор, иако сè уште не му е решена судбината и засега не е познато каде ќе игра во иднина.

Мбапе одмора во Мајами, додека неговиот менаџер и мајка му ќе имаат состанок со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи на кој ќе се реши дали Французинот ќе остане или ќе замине од тимот.

Французинот кажа дека не сака да го продолжи договорот до јуни 2025 и тоа го вклучи алармот на „Паркот на принцовите“, па сите очекуваа да биде продаден ова лето, но неговата последна порака ги збуни навивачите.

Мбапе објави фотографија од распоредот на натпревари на ПСЖ во новата сезона и тоа ги зачуди навивачите.

Во секој случај, по состанокот кој ќе се одржи меѓу двете страни ќе биде познато дали Мбапе ќе замине од ПСЖ.