Ливерпул со 70 милиони евра го купува најдобриот Унгарец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул повторно сака да се бори за титулата, а тренерот Јирген Клоп внимателно бира засилувања за следната сезона.

Ливерпул ја активира откупната клаузула за најдобриот унгарски фудбалер, Доминик Шобошлај и ќе го купи за 70 милиони евра од Лајпциг.

„Црвените“ претходно го ангажираа Алексис Мекалистер од Брајтон, а ново засилување на тимот од „Енфилд“ наскоро треба да стане и Шобошлај.

Шобошлај веќе ги договорил личните услови со екипата, па на Ливерпул му остана уште да ги исплати 70 милиони евра за неговиот трансфер.