Барселона се засили со Мартинез (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона соопшти дека потпишала договор со 32-годишниот централен дефанзивец Ињиго Мартинез.

Мартинез ставил потпис на тригодишен договор и ќе биде претставен пред навивачите следната недела.

Искусниот дефанзивец доаѓа во Каталонија од Атлетик Билбао, а претходно играше и за Реал Сосиедад.

Мартинез досега настапи на 357 меча во Ла Лига и притоа постигна 22 гола и седум асистенции.