Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го суспендира Драган Начевски по објавата на данската „ТВ2“ за негово учество во местени натпревари.
Во јануари телевизијата објави текст, а потоа и со неколку натпревари за кои се шпекулира дека биле наместени, а во нив бил вклучен и поранешниот македонски судија.
„ТВ2“ денеска на својот официјален профил објави и дел од разговорот на Начевски со „кинез“, кој се претставил како бизнисмен, но бил лице ангажирано од самата телевизија.
„Знам што сакаш да кажеш, тоа е многу чувствително. Има многу дискусии за обложувањето и работи што се случуваат, но јас нема да бидам премногу вклучен во ова. Не значи дека се плашам, но е малку ризично. ЕХФ следи што се случува и затоа велам НЕ на ваков бизнис во моментов. Да бев помлад и само да бркам пари, дефинитивно ќе размислам за тоа“, вели Начевски.
Видеото може да се погледне ТУКА.