Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ води преговори со Килијан Мбапе и го убедува да потпише нов договор до јуни 2025 година, меѓутоа францускиот голгетер не попушта и останува на неговиот став дека сака да ја одигра и оваа сезона со екипата, а потоа ќе донесе конечна одлука за иднината.
„Скај Спорт“ објави дека управата на ПСЖ е свесна дека нема да постигне договор со францускиот напаѓач и затоа планира да го продаде во текот на летото, а последен рок за одлука на Мбапе останува 31 јули.
Доколку Мбапе не потпише нов договор до 31 јули, тогаш оди на продажба и најверојатно Реал Мадрид ќе го добие неговиот потпис.
„Кралевите“ ја следат ситуацијата и наводно се подготвени да понудат околу 200 милиони евра за неговите услуги, со тоа што Мбапе ќе заработува по 50 милиони евра годишно плус бонуси.
ПСЖ веднаш ќе ангажира замена за Мбапе, а изборот паднал на Осман Дембеле од Барселона, чија откупна клаузула изнесува 50 милиони евра.