Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во следните недели треба да донесе конечна одлука за неговата иднина затоа што ПСЖ му постави ултиматум.
Парижаните му порачаа да потпише нов договор до јуни 2025 година или ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.
Мбапе и минатата сезона беше блиску до Реал Мадрид, а и сега се поврзува со трансфер во шпанскиот гигант.
„Дали ја одиграв последната сезона во Лига 1? Не ми е важно, јас сакам само да победувам. Не ми е гајле против кого играм и не ми е важно чиј дрес го носам. Сега сум на одмор, ги полнам батериите и се враќам по нов успех. Јас сум гладен за победи. Поради тоа луѓето понекогаш мислат дека сум арогантен“, вели Мбапе.