Јокиќ: Ако ми донесеш уште едно пиво, ќе играм за Србија!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека Никола Јокиќ во еден ресторан потврдил дека ќе игра за Србија на Мундобаскетот.

Србија сè уште не ја знае конечната одлука на Јокиќ дали ќе настапи за татковината на Светското првенство.

Келнерот не можел да се воздржи и го прашал Јокиќ дали ќе игра за Србија на Мундобаскетот, а одговорот на кошаркарот бил во негов препознатлив стил.

„Ако ми донесеш уште едно пиво, ќе играм сигурно“, наводно кажал Јокиќ.