ПСЖ ќе направи сè за да го продаде Мбапе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Килијан Мбапе нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2025 година и поради тоа најверојатно ќе замине во текот на летото.

„Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ ќе направи сè за да го продаде Мбапе во текот на летото со цел да заработат пари од неговиот трансфер.

Мбапе не сака да замине и најави дека ќе остане уште една сезона во Париз, по што може да го напушти клубот бесплатно.

Ова не е добра вест за ПСЖ, затоа што ќе мора да му исплати дополнителни 90 милиони евра за лојалност и 60 милиони евра за плата.

Тоа е втората причина поради која парижаните се обидуваат да го продадат францускиот голгетер, освен тоа што следното лето ќе биде бесплатен агент.