Кого треба Реал Мадрид да ангажира ако остане без Мбапе?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето го загуби напаѓачот Карим Бензема, кој потпиша за Ал-Итихад, по што почнаа шпекулациите дека шпанскиот тим сака да потпише за Килијан Мбапе.

Мбапе не сака да остане во ПСЖ, па одби да потпише нов договор до јуни 2025 година, а медиумите пишуваат кој би требало да дојде во Мадрид ако клубот не го договори францускиот напаѓач.

Како опции за „кралевите“ се споменуваат Лаутаро Мартинез и Рандал Коло Муани, иако опција е и Хари Кејн, но за неговиот потпис е „загреан“ Баерн Минхен.

Реал најверојатно нема да купи нов напаѓач ова лето, туку ќе чека до следното кога ќе направи конкретни потези за нов лидер на екипата.