„Мбапе веднаш да оди во Реал Мадрид, си ги троши најдобрите години во ПСЖ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе и ова лето е главна тема поради можноста да се пресели во Реал Мадрид, а дополнително ги „загреа“ шпекулациите тоа што одби нов договор со ПСЖ.

Ова не му се допадна на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, кој му постави ултиматум на Мбапе. Ако не го продолжи договорот до крајот на јули, ќе биде продаден летово.

Мбапе сака да остане затоа што ќе му припадне бонус за лојалност од 60 милиони евра, а свое мислење за ситуацијата даде и поранешниот фудбалер Бернд Шустер.

„Би му дал совет на Мбапе веднаш да се пресели во Мадрид. Си ги троши најдобрите години во ПСЖ. Трансферот во Реал би бил вистински потег за неговата кариера. Мора да игра во една од најсилните лиги во светот“, вели Шустер.