Фенербахче со засилување од НБА ќе ја лови титулата во Евролигата


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Турскиот гигант Фенербахче го реализира трансферот на Раул Нето, кој доаѓа од Кливленд кавалирс.

Поранешниот кошаркар на Кливленд привлече голем интерес од неколку тимови, меѓутоа се реши да го облече дресот на тимот од Истанбул.

Нето досега играше за Јута, Вашингтон, Кливленд и Филаделфија во НБА-лигата, а во просек постигнуваше по 3,3 поени и 1,6 асистенции.