Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот вицепрвак Арсенал го претстави четвртото засилување за новата сезона, а тоа е голманот Давид Раја кој доаѓа од редовите на Брентфорд.
Раја доаѓа во Арсенал на позајмица од Брентфорд која ќе чини три милиони фунти, а „топчиите“ имаат право на откуп идното лето за 27 милиони.
Чуварот на мрежата постигнал договор до 2028 година, па се очекува Арсенал следниот јуни да ја активира клаузулата за трансфер.
Ова значи дека Арон Рамсдејл добива жестока конкуренција на голот на англискиот гигант, кој претходно се засили со Деклан Рајс, Каи Хаверц и Јурен Тимбер.
Raya arrives 🧤 pic.twitter.com/2UaPiDDp33
— Arsenal (@Arsenal) August 15, 2023