Ивановски по жестока битка загуби на стартот на турнирот во Мајорка

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски загуби во првото коло на турнирот во Мајорка.

Ивановски храбро се бореше против искусниот Жоао Соуза, но Португалецот го доби натпреварот со 2-0 во сетови.

Македонскиот тенисер беше достоен противник во двата сета, и во првиот кој го загуби со 4-6 и во вториот кој го загуби со 5-7.