Легенда на Челси ќе биде тренер во Саудиска Арабија

Легендарниот англиски дефанзивец Џон Тери се сели во Саудиска Арабија, каде што ќе биде тренер на АЛ Шабаб.

Тери се решил да тргне по стапките на Стивен Џерард и да го преземе тимот кој не беше премногу активен во трансфер периодот.

Преговорите со Тери почнале пред два месеци, а 42-годишниот Англичанец веќе ги прифатил понудените услови за соработка и ќе потпише двегодишен договор.

Тоа ќе биде прво тренерско искуство за Тери, кој претходно работеше како помошник во Астон Вила и Лестер сити.