Пандев: Ова е тежок период за нас, но се надевам на изненадување против Италија

Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев кажа дека Македонија има тешка задача против Италија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Пандев даде изјава за „Газета дело Спорт“ и кажа дека се надева на изненадување против „аѕурите“.

„Секогаш ќе навивам за Македонија. Сакам уште еднаш да ја изненадиме Италија. Веќе покажавме дека можеме, па не гледам причина зошто и сега не би ја изненадиле. Не знам дали е возможно да се повтори тоа од Палермо, но ќе навивам од срце за такво нешто. Поминуваме низ тежок период, но не се откажуваме“, кажа Пандев.