Нови детали: Откриено што користел Погба пред допинг-тестот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба доби привремена суспензија откако падна на допинг-тест, па сега се чекаат резултатите од вториот тест.

Агентката на Погба, Рафаела Пименти претходно застана во одбрана на Погба и кажа дека тој никогаш не би си дозволил намерно да користи недозволени супстанци.

Италијанските медиуми пишуваат дека најверојатно станува збор за суплемент во исхраната кој Погба го користел за време на турнејата во САД. Медиумите сега пишуваат дека станувало збор за „интегратор витамини“ кој му го препорачал семеен пријател.

Погба е суспендиран и од Јувентус и ако се потврди резултатот, тогаш калчолигашот ќе му го раскине договорот.