Хаос во Манчестер јунајтед поради Санчо и Тен Хаг


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо е отстранет од првиот тим по караницата со тренерот Ерик Тен Хаг.

Санчо ќе тренира сам додека не се реши ситуацијата со него и стратегот, а тоа го потврди англискиот гигант.

Тен Хаг не го повика Санчо за мечот против Арсенал, по што објави дека фудбалерот не бил доволно подготвен.

Санчо реагираше на ова и кажа дека тренира напорно и подготвен е за натпреварите, а тоа предизвика хаос на „Олд Трафорд“.

Англискиот фудбалер пристигна во Манчестер од Борусија Дортмунд во 2021 година за 85 милиони евра, но не го оправда очекувањата.