Тен Хаг: Сè тргна наопаку, мора да го решиме овој проблем!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед одигра катастрофален натпревар против Брајтон и загуби со 1-3 на домашен терен.

Ова е трет пораз сезонава за „црвените ѓаволи“, а тренерот Ерик Тен Хаг веднаш доби критики затоа што вакви резултати се неприфатливи за навивачите.

„Детали го решија натпреварот. Бевме блиску, но тие успеаа да победат. Примивме гол од првиот напад, а потоа следеше тежок период за нас. Тргна сè наопаку по вториот гол. Имаме проблем, кој мора да го решиме“, кажа Тен Хаг.