Иско: Засекогаш ќе го сакам Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско потпиша за Бетис летово и има одличен почеток на сезоната, но вели дека никогаш нема да го заборави Реал Мадрид.

Иско девет сезони го носеше дресот на „кралевите“, а во 2022 година го напушти Мадрид и се пресели во Севилја.

„Се надевам дека ќе бидам добро пречекан на ‘Сантијаго Бернабеу’. Засекогаш ќе го сакам Реал Мадрид, тоа е најважниот тим во мојот живот“, кажа Иско.