Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед во минатото коло загуби со 1-3 од Брајтон на „Олд Трафорд“ и уште еднаш ги разочара навивачите, а проблеми се појавиле и во соблекувалната на премиерлигашот.
По натпреварот во соблекувалната Бруно Фернандеш зборувал со Скот Мектоминеј, а се скарале и дефанзивците Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.
Тренерот Ерик Тен Хаг морал да реагира за да ги смири своите фудбалери, но очигледно одамна владее хаос во клубот од Манчестер.
„Ѓаволите“ претходно мораа да ги суспендираат Џејдон Санчо и Антони поради нефудбалски проблеми.
Јунајтед следниот меч го игра против Баерн Минхен во првото коло од групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).