Белингам во 94. минута го израдува Реал Мадрид (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Унион Берлин со 1-0, а повторно херој на шпанскиот гигант беше англискиот репрезентативец Џуд Белингам.

„Кралевите“ се измачија, но го скршија отпорот на тимот од Берлин, а победата можеше уште порано да се обезбеди, но Реал погоди две стативи и пропушти неколку шанси.

Унион Берлин добро се бранеше сè до 94. минута кога Белингам погоди за конечни 1-0 и три бода за „кралевите“.

Галатасарај одигра 2-2 против Копенхаген, а головите за турскиот тим ги постигнаа Бој и Тете, додека за данската екипа стрелаа Ел Јунуси и Гонкалвеш.