Реал Мадрид не успеа со Кејн, но затоа носи друга ѕвезда на Тотнем


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид постојано бара нови засилувања, а изборот паднал на Сон Хеунг-Мин од Тотнем.

Медиумите пишуваат дека „кралевите“ го следат напредокот на Сон кој има договор до јуни 2025 година и постои шанса да испратат понуда за неговиот потпис идното лето.

Сон има 31 година и нема уште долго време да игра фудбал, но и покрај тоа Реал е подготвен да го ангажира.

Репрезентативецот на Јужна Кореја досега постигна пет гола во седум настапи во сите натпреварувања оваа сезона.