Гвардиола: Тренер сум 15 години, но ваков фудбалер не сум видел досега!

Манчестер сити во второто коло на Лигата на шампиони славеше против Лајпциг, иако играше со комбиниран состав.

Шанса од првата минута доби и 18-годишниот Рик Луис, кој играше во средината на теренот заедно со Родри и го воодушеви тренерот Пеп Гвардиола.

„Каков играч. Неверојатен. Има 18 години, а може да игра на четири-пет позиции. Тренер сум 15 години, тренирав различни фудбалери, но ваков досега немам видено“, кажа Гвардиола.

Луис е роден во Манчестер и претходно играше за младинската академија на „граѓаните“.