На Мурињо му „гори“ под нозе: Ако не го победи Кајлари, ќе добие отказ!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо имаше успешни резултати со Рома во изминатите години, но оваа сезона разочара и натпреварот против Калјари може да му биде последен на клупата на тимот од Рим.

Рома се наоѓа на 13. место со осум бодови од седум меча, а тоа не е доволно да ги задоволи членовите на управниот одбор на екипата и тие веќе размислуваат за наследник на Мурињо.

Италијанските медиуми пишуваат дека главен кандидат за замена на Мурињо е поранешниот германски селектор, Ханси Флик.

„Не ги читам медиумите, но очигледно три мсеци подоцна делувам како проблем. Јас не сум проблем. Дадов збор дека ќе останам до јуни 2024 година“, кажа Мурињо.