Алегри: Жал ми е за Погба, фудбалот губи неверојатен играч!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба се соочува со голема суспензија откако и вториот допинг-тест му беше позитивен на тестостерон.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кажа дека фудбалот губи неверојатен играч затоа што Погба најверојатно ќе стави крај на кариерата доколку биде суспендиран на четири години.

„Жал ми е за Погба. Фудбалот губи неверојатен играч кој се разликуваше од другите“, кажа Алегри.

Погба го чека суспензија од две до четири години, но тоа дополнително треба да биде потврдено по истрагата на Фудбалската федерација на Италија.