Реал Мадрид го одложи продолжувањето на соработката со Винисиус


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор наскоро треба да потпише нов договор со Реал Мадрид, а тоа го најави новинарот Фабрицио Романо.

Двете страни постигнале договор за нова соработка, а Реал требаше да го потврди тоа минатата недела, но се премисли и реши да го одложи.

Во следните недели треба да се комплетираат деталите од договорот, кој ќе биде официјално потпишан по репрезентативната пауза.

Висината на откупната клаузула на Винисиус ќе изнесува милијарда евра.